Хуманитарна акција „Вози од срце“ е проект на Стопанска банка АД - Скопје со цел одбележување на 75-годишнината од постоењето со својата заедница.


Проектот има цел да ги мотивира граѓаните во заедничка иницијатива за поттикнување на велосипедизмот и, дополнително со тоа, поддршка на тие на кои им е најпотребна. Затоа решивме да си поставиме една голема цел, која сите ние заедно ќе ја постигнеме:

АЈДЕ ЗАЕДНО, ОД СРЦЕ, ДА
ИЗВОЗИМЕ 1.000.000 КИЛОМЕТРИ
СО ВЕЛОСИПЕД И ТИЕ КИЛОМЕТРИ
ДА ГИ ПРЕТОЧИМЕ ВО ДОНАЦИЈА
ЗА СРЦАТА НА ДЕЦАТА!

Донацијата е наменета за одделот за кардилогија при Универзитетската клиника за детски болести, каде што Стопанска банка АД - Скопје ќе донира вредна медицинска опрема.


Затоа, ги повикуваме сите што возат велосипед да ни се приклучат за заедно да извозима 1.000.000 километри и да ја постигнеме целта.

ЗА УЧЕСТВО РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА
„САКАМ ДА СЕ ПРИКЛУЧАМ“ И
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ УСЛОВИТЕ СО КОИ
СЕКОЈ ИЗМИНАТ КИЛОМЕТАР ГО
ДОНИРАТЕ ВО НАШАТА ЗАЕДНИЧКА
ХУМАНА ЦЕЛ.

Овој проект е продолжение на нашето корпоративно залагање да им даваме подршка на нашите клиенти, но и како општествено одговорна компанија, која 75 години е нераскинлив дел од општественото живеење и дејствување. Ние, препознавајќи ги својата улога и значење, мотивирани сме да продолжиме и понатаму да оставаме трага во општеството.
ПРИКЛУЧЕТЕ НИ СЕ И УЖИВАЈТЕ ВО СЕКОЈ ИЗВОЗЕН КИЛОМЕТАР