ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика на приватност, како полесно би разбрале кои информации ги собираме од нив и како се користат информациите. Со пристапот или со користењето на апликацијата “Вози од срце”, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на политиката за приватност и со начините на користење на нашата апликација. Доколку корисникот не се согласува со овие услови, го молиме да не пристапува и да не ја користи оваа апликација. Доколку корисникот има какви било прашања во врска со доверливоста на податоците, го молиме да ни испрати електронска порака на фан страницата.

 

ВИД НА ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ СОБИРААТ И КОРИСТЕЊЕ НА ТИЕ ИНФОРМАЦИИ

Кога корисникот ќе се вклучи во апликацијата “Вози од срце”, од него може да бидат побарани одредени лични информации, како што се име и презиме, адреса, е­‐пошта,телефонски број и датум на раѓање. Во зависност од видот на активностите, некои информации се одредени како задолжителни, а некои како доброволни. Ако корисникот не достави некоја информација што е задолжителна за одредена активност, нема да му биде дозволено вклучување во апликацијата “Вози од срце”.

Со самото прифаќање на апликацијата се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработката на неговите лични податоци.

Овој вид информации можат да вклучуваат ставки како вид на пребарувач што го користи корисникот и Internet Protocol (IP) адресата на корисникот. Ние и/или нашите овластени даватели на услуги можеме автоматски да ги прибираме овие информации кога корисникот ќе ја посети нашата апликација, со помош на достапните електронски алатки.

 

ОБЈАВУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци нема да бидат проследени до трети лица. Стопанска Банка АД - Скопје ќе ги собира, евидентира, организира и чува вашите податоци собрани преку апликацијата во согласност со Законот за заштита на лични податоци и во согласност со останатите важечки прописи во РМ. Истите ќе бидат заштитени и ќе се чуваат онолку долго колку што треба за да се извршува соодветната услуга, но не подолго од 10 години, согласно Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Исто така, ние можеме да ги откриеме информациите што го идентификуваат корисникот кога веруваме дека нивното откривање ќе помогне во спроведување на законот, или кога тоа е неопходно поради постоење на судски налог, или налог на друг државен орган.

 

ОБЈАВУВАЊЕ НА ДРУГИ ПОДАТОЦИ

Можеме да откриеме, или да споделиме други информации на корисникот што не се лични со нашите соработници и со поврзаните друштва. На пример, ние можеме да ги споделиме собраните демографски информации (што не ги вклучуваат информациите што го идентификуваат корисникот) со трети лица, агенции за огласување што можат да ги користат информациите на корисникот што не се лични, со цел преку употреба на мрежни ознаки да се обезбедат содржини и услуги за кои корисникот би бил заинтересиран, односно за постојано подобрување на квалитетот на нашите интернет-страници. Овде не се работи за лични информации на корисникот, туку само за сумирани активности на нашите корисници. Овие податоци се собираат во наше име и според тоа претставуваат наша сопственост и само ние ги користиме.

 

ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Заштитата на податоците ја разбираме сериозно и преземаме мерки на претпазливост за да ги заштитиме личните податоци на корисниците во согласност со позитивната законска регулатива. Согласно Законот за заштита на лични податоци со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка.

Во согласност со Правилникот за техничките и органиациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на лични податоци ја евидентираме и чуваме целокупната документација за софтверските програми за обработка на личните податоци и сите негови промени, односно личните податоци се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само избрани личности и даватели на услуги. Ние вршиме енкриптирање на одредени чувствителни информации, за да обезбедиме сигурност на личните податоци на корисникот.

Сепак, тука мораме да напоменеме дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа

ипокрај тоа што преземаме разумни заштитни мерки за заштита на податоците, не можеме да ја гарантираме заштитата на која било информација пренесена на или од нашата апликација.

 

ТЕХНОЛОШКИ СПЕЦИФИКАЦИИ НА СЕРВИСИТЕ ПОВРЗАНИ СО КАМПАЊАТА

Secure Sockets Layer (SSL) технологија ќе биде применета за заштита на сите податоци примени преку интернет услугата со цел заштита од трети неавторизирани страни. Решението ќе биде поставено на Microsoft Azure сервер кој ќе се пристапува преку однапред дефиниран домен. Енкрипцијата на податоците ќе биде 128/256 бита, со индустриски стандард од 2048 битен дигитален потпис.
Апликацијата ќе биде интегрирана со Strava со цел да се повлекуваат активностите на корисникот. Повлекувањето на податоците за корисникот ќе се изврши само откако кориникот ќе го одобри истото. Исто така апликацијата нема да додава нити менува било какви податоци на сметката на корисникот на Strava.
Од податоците кои се преземени од страва јавно достапни ќе бидат само корисничкото име или името на корисникот со цел да се прикаже во листата на најмногу донирани километри.Секој корисник на страната на својот профил ќе може исто така да си ја види и својата корисничка слика од Strava. Во било кој момент корисникот преку веб страната на страва може да забрани пристап до податоците за апликацијата.
Во базата на податоци покрај податоците за корисникот и токените за пристап кои ги одобрил претходно ќе се чуваат и оние активности кои ги направил откако дал пристап на апликацијата.
Пристап до базата на податоци заедно со фотографиите ќе биде ограничен (со корисничко име и лозинка) и ќе имаат само лица со кои е веќе претходно потпишан договор за неиздавање на деловни тајни од сите компании учесници во проектот.

 

ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата апликација. Измените на Политиката за приватност стапуваат на сила веднаш по објавата на нашата апликација. На секој Корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа оваа фан­‐страница и да ја проучи измената на Политиката за приватност на податоците. Продолжувањето на користењето на нашата апликација од страна на корисникот, по стапувањето на сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика на приватност.