УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

за кампањата “Вози од Срце”

 

1. Општо

Интернет-страната "www.voziodsrce.mk", управувана од Стопанска Банка АД - Скопје, се состои од информативни содржини поврзани со проектот „Вози од срце“ по повод 75 годишнината од постоењето на Банката.

Со користење на овој сајт крајниот корисник се согласува со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст. Правото на користење на овој сајт е лично на крајниот корисник и не е преносливо на кое било друго лице или субјект. Крајниот корисник е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во достапноста на сервисите или можност за настани кои се надвор од контрола на Стопанска Банка АД - Скопје. Банката не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран во било кое време. Стопанска Банка АД – Скопје (Банката) има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на веб страницата.

2. Измена на Условите на користење

Банката го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од овие Услови на користење како што смета дека е неопходно или пожелно. Доколку дојде до било какви промени, истите ќе стапат на сила откако претходно ќе бидат јавно објавени на оваа веб страница.

ЗАТОА препорачуваме корисникот да ги прочита овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на користење. Секое користење на веб страницата од страна на корисникот ќе се смета дека претставува прифаќање од негова страна на тие измени.

3. Ограничување на одговорноста

Kрајниот корисник експлицитно се согласува дека користењето на оваа веб страница е на сопствена одговорност. Одговорност на крајниот корисник е да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, коментар, мислење, совет, или друга содржина достапна преку страницата.

4. Политика на приватност и заштита на лични податоци

Политиката на приватност на www.voziodsrce.mk појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани корисници на оваа веб страница. Оваа политика на приватност се однесува само за www.voziodsrce.mk, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страници, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страници.

Правна напомена - Со користење на сервисите и услугите од кампањата секој корисник при регистрација се согласува и во целост ја разбираат страницата “Вози од Срце” и се согласува со оваа политика на приватност.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Информациите кои нам ни се потребни се: име и презиме, е-пошта, телефонски број и датум на раѓање. Во зависност од видот на активностите, некои информации се одредени како задолжителни, а некои како доброволни. Ако корисникот не достави некоја информација што е задолжителна за одредена активност, нема да му биде дозволена регистрација на веб страницата.

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија. Истите ќе бидат заштитени и ќе се чуваат онолку долго колку што треба за да се извршува соодветната услуга, односно по завршување на кампањата веднаш ќе бидат избришани сите лични податоци и поврзувањето на веб страницата со СТРАВА ќе заврши.

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и www.voziodsrce.mk нема намерно да собира или користи податоци од малолетни лица.*

*За Малолетни лица до 15 години кои немаат деловна способност, учеството во овој проект е со претпоставена согласност од страна на родителот / старателот кој е согласен со горенаведените одредби. Со пристапување кон оваа апликација родителот/старателот потврдува дека ги прочитал и разбрал горенаведените услови и дека истите ги прифаќа во целост.

www.voziodsrce.mk ги превзема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на корисниците со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Податоците (бројот на извозени километри на секој регистриран корисник) се собираат со цел да бидат пребројани. Лични податоци нема да бидат објавени ниту јавно објавени ниту достапни. По добивање на патеката и бројот на извозени километри од секоја рута поединечно, корисникот целосно располага со истата, може да ја споделува на социјалните медиуми и Организаторите не можат да влијаат врз нејзиното објавување или понатамошно користење.

5. Технолошки спецификации на сервисите поврзани со кампањата

Secure Sockets Layer (SSL) технологија ќе биде применета за заштита на сите податоци примени преку интернет услугата со цел заштита од трети неавторизирани страни. Решението ќе биде поставено на Microsoft Azure сервер кој ќе се пристапува преку однапред дефиниран домен. Енкрипцијата на податоците ќе биде 128/256 бита, со индустриски стандард од 2048 битен дигитален потпис.
Апликацијата ќе биде интегрирана со Strava со цел да се повлекуваат активностите на корисникот. Повлекувањето на податоците за корисникот ќе се изврши само откако кориникот ќе го одобри истото. Исто така апликацијата нема да додава нити менува било какви податоци на сметката на корисникот на Strava.
Од податоците кои се преземени од страва јавно достапни ќе бидат само корисничкото име или името на корисникот со цел да се прикаже во листата на најмногу донирани километри.Секој корисник на страната на својот профил ќе може исто така да си ја види и својата корисничка слика од Strava. Во било кој момент корисникот преку веб страната на страва може да забрани пристап до податоците за апликацијата.
Во базата на податоци покрај податоците за корисникот и токените за пристап кои ги одобрил претходно ќе се чуваат и оние активности кои ги направил откако дал пристап на апликацијата.
Пристап до базата на податоци ќе биде ограничен (со корисничко име и лозинка) и ќе имаат само лица со кои е веќе претходно потпишан договор за неиздавање на деловни тајни од сите компании учесници во проектот.

6. Крај на кампањата и бришење на собраните податоци

Организаторот ќе ги преземе сите потребни чекори за бришење на сите податоци собрани за целта на проектот преку страната www.voziodsrce.mk на последниот ден од кампањата по што ниту учесниците нема да имаат пристап до податоците.

7. Разно

Секој корисник на оваа страница, се смета дека ги прифаќа овие услови, а со што истиот има правна сила на двострано склучен договор.

Овој договор, и било кои оперативни правила за „Вози од срце“ поставени од Банката, го сочинуваат целосниот договор на страниците. Насловите на заглавјата од овој договор се користат само за полесна ориентација, и во никој случај не влијаат на толкувањето на текстот што е во нив. Ако надлежниот суд ја смета за неважечка било која ставка од овој договор, тоа нема да влијае врз валидноста на било која друга одредба од овие Услови и останатите делови од овие Услови, ќе останат во сила. Доколку било која страна не ги искористи своите права од овој договор, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права, како и на било кои други права наведени овде.

Седиштето на Стопанска Банка АД Скопје е во Скопје, Република Северна Македонија. Правните спорови кои можат да произлезат како резултат на користење на овој веб-сајт (освен ако со посебен договор е експлицитно наведено поинаку) се под јурисдикција на судот во Скопје, и се решаваат во согласнот со прописите на Република Македонија. Со користењето на оваа веб-страница крајниот корисник се согласува дека секој спор или побарувачката, што произлегува од, или е во врска со овие Услови или во врска со нивната имплементација, е во надлежност на судот во Скопје.